АКО САКАТЕ ДА ДОЗНАЕТЕ ПОВЕЌЕ ЗА СКОПЈЕ И БИТОЛА - на 21 февруари ќе има бесплатно разгледување, еве ги термините
По повод светскиот ден на туристички водичи, 21 февруари, Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници во сабота ќе организира бесплатно разгледување на Скопје и Битола.
„Доколку сакате да го слушнете начинот на кој им ја пренесуваме приказната на странските гости и да се потсетите на богатата култура и историјата на Скопје и Битола, ве повикуваме да ни се придружите и да бидете наши гости на градските тури. Не е потребна никаква најава или резервација, ваше е само да се појавите во еден од предложените термини и заедно да уживаме во едно поинакво саботно утро“, велат од Македонската асоцијација на туристички водичи.
Слично
