Економија, финансии, бизнис

Контакт

АКО РАБОТНИКОТ НЕ САКА ДА СЕ ВАКЦИНИРА, ГАЗДАТА МОЖЕ ДА ГО СТАВИ НА НЕПЛАТЕНО ОТСУСТВО ОД ЕДНА ГОДИНА - европска држава издаде ваков декрет

АКО РАБОТНИКОТ НЕ САКА ДА СЕ ВАКЦИНИРА, ГАЗДАТА МОЖЕ ДА ГО СТАВИ НА НЕПЛАТЕНО ОТСУСТВО ОД ЕДНА ГОДИНА - европска држава издаде ваков декрет

Унгарската влада издаде декрет со кој ги овласти работодавците да бараат од нивните работници да се вакцинираат против коронавирус „како услов за работа“, беше објавено во Службен весник на таа земја.

Согласно владината уредба, работодавачите можат да побараат имунизација против Ковид од своите вработени, доколку сметаат дека е неопходно во интерес на безбедноста при работа, јавува МТИ.

Работодавците кои ги упатуваат своите работници на вакцинација мора да им дадат 45 дена за да ја примат првата доза, а втората мора да ја примат на датум што ќе го одреди лекарот што ја спроведува имунизацијата.

Вработените кои нема да го почитуваат ова може да бидат ставени на неплатено отсуство до една година, а работниот однос може да им престане по тој период, доколку се уште не се вакцинирани.

Исклучок од новото правило ќе важи за работниците кои со лекарско уверение ќе докажат дека вакцинацијата против коронавирусот е ризична по нивното здравје, потврди Гергељи Гуљаш, шеф на кабинетот на премиерот Виктор Орбан.

Со посебна владина одлука, објавена и во Службен весник, од 1 ноември се бара носење епидемиолошки маски во јавниот превоз, како и на сите постојки.

Извор: Блиц.рс

Слично

Поврзани вести