Економија, финансии, бизнис

Контакт

АКО ПРОДОЛЖИТЕ ДА МАНИПУЛИРАТЕ, ЌЕ СТАВИТЕ КЛУЧ НА ВРАТА: Мицкоски им се закани на маркетите

АКО ПРОДОЛЖИТЕ ДА МАНИПУЛИРАТЕ, ЌЕ СТАВИТЕ КЛУЧ НА ВРАТА: Мицкоски им се закани на маркетите

Годишната инфлација за 2025 година ќе се движи околу 4 отсто, а Владата веќе спроведува засилени контроли преку Државниот пазарен инспекторат и Комисијата за заштита на конкуренцијата, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за растот на цените.

Тој нагласи дека доколку продолжи трендот на зголемување на цените и се утврди кршење на Законот за нефер трговски практики, Владата ќе предложи законски измени со значително повисоки казни за трговските синџири.

„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети што го изигруваат Законот за нефер трговски практики. За дел од ланците веќе имаме конкретни докази и, доколку ваквото однесување продолжи, ќе мора да се соочат со сериозни последици“, истакна Мицкоски.

Премиерот порача дека државата нема да толерира злоупотреби на пазарот на штета на граѓаните и дека институциите ќе постапуваат решително за заштита на потрошувачите и стабилизирање на цените.


Слично

Поврзани вести