Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ако потрае политичката криза, инвеститорите ќе заминат во посигурни подрачја!

Ако потрае политичката криза, инвеститорите ќе заминат во посигурни подрачја!

Негативните политички состојби , во економијата сега се компензираат со оддржување на одредено ниво на јавната потрошувачка, а која се финансира по пат на задолжување, но и преку пролонгирање на исплата на обврските кон доверителите, што од своја страна доведува до нарушување на ликвидноста на стопанските субјекти – вели за Фактор, економистот Сами Беслими. Сепак, Беслими додавада дека како последица на политичката криза може да очекуваме намалувањето на инвестиционата активност.

Секако, пролонгирањето на политичката криза има негативно влијание врз економските текови. Како последица на политичката криза прво доаѓа до намалување на агрегатната побарувачка (личната и јавната потрошувачка), првенствено поради намалената доходност, но и поради воздржаноста од трошење, т.е. чување на дел од приходите како резерва. Намалената агрегатна побарувачка доведува и до намалување на агрегатната понуда, процес кој што доведува до намалување на стопанската активност.

Делумно ваквиот негативен тек се компензира со оддржување на одредено ниво на јавната потрошувачка, а која се финансира по пат на задолжување, но и преку пролонгирање на исплата на обврските кон доверителите, што од своја страна доведува до нарушување на ликвидноста на стопанските субјекти. Сето тоа влијае на висината на стапката на економскиот раст. Неслучајно Светската банка проектира стапката на раст во 2017 на македонската економија од 2,4 %, што е најниска проекција на раст во споредба со сите други земји од регионот.

Како последица на политичката криза доаѓа и намалувањето на инвестиционата активност (домашните и странските инвестиции). Ниту еден потенцијален инвеститор е би се одлучил да инвестира во земја која се соочува со политичка криза. Сигурноста на капиталот е најважниот момент при одлучувањето, дури и пред мотивот за профит. Затоа, доколку трае политичката криза, ние ќе се соочиме со проблемот на селење на претходно инвестираниот капитал во други посигурни подрачја.

Сето претходно наведено ќе има негативно влијание врз состојбата на тековнатата сметка зголемување на негативното салдо, врз состојбата на финансиската сметка, а сето тоа заедно, ќе предизвика влошување на позициите на платниот биланс, состојба која што може да доведе до нарушување на внатрешната и надворешната стабилност на домашната економија.


Слично

Поврзани вести