Економија, финансии, бизнис

Контакт

АКО ПЛАНИРАТЕ РАБОТА ВО ЦРНА ГОРА: Ова е градот со највисоки плати

АКО ПЛАНИРАТЕ РАБОТА ВО ЦРНА ГОРА: Ова е градот со највисоки плати

Просечната нето плата во Црна Гора во јуни изнесувала 1.010 евра, a највисоки плати имало во Тиват. 

Просечната нето плата во Црна Гора во јуни оваа година изнесувала 1.010 евра, а највисоката просечна нето плата во износ од 1.179 евра е забележана во Тиват.

Податоците од Статистичкиот завод Монстат покажуваат дека просечната нето плата во јуни се намалила за 0,4 проценти во споредба со мај, додека бруто платата во јуни изнесувала 1.203 евра, пренесува РТЦГ.

Освен Тиват, највисока нето заработка е забележана во Зета (1.139 евра) и Подгорица (1.061 евра).

Инаку, најниски биле платите во Петњица - 820 евра, Андријевица - 824 евра, Гусиње - 844 евра.

foto Wikipedia/Dreizung

Слично

Поврзани вести