АКО ПЛАНИРАТЕ ПРАЗНИЧНО ДА ПАТУВАТЕ ВО ГРЦИЈА: Еве кога и дали ќе бидат блокирани границите
Како што објавија грчките медиуми, во Грција нема да има блокади за време на празничната сезона, со цел граѓаните и патниците да можат слободно да се движат.
Земјоделците одлучија привремено да ги прекинат дневните блокади, па патиштата и граничните премини ќе бидат целосно отворени во следните периоди:
од вторник, 23 декември до недела, 28 декември
од вторник, 30 декември до недела, 4 јануари 2026 година
Во текот на овие датуми се очекува нормален сообраќај без застои и пречки на патиштата и граничните премини.
Слично
