Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ако планирате одмор во Грција, и таму цените скокнаа

Ако планирате одмор во Грција, и таму цените скокнаа

Стапката на инфлација во Грција се зголемила на најмногу во речиси последните 30-на години, што веројатно придонело до големиот раст на цените за патување, пренесува „б92“.

Стапката на инфлација во Грција само во месец мај достигнала 11,3 отсто, што е повеќе од 10,2 отсто во април и 0,1 отсто во мај лани. Иако цените на хотелските соби, автомобилите за изнајмување и другите важни аспекти за патувањето го достигнале максимумот ширум Грција, особено на грчките острови, тие веројатно само ќе растат.

На Миконос некои од лежалките во ексклузивните барови, ресторани и клубови на плажа можат да чинат скоро колку и месечна минимална плата во Грција.

Цените веројатно својот врв  ќе го достигнат во август, кога поголем дел од Грците одат на летни одмори, па островите се полни со туристи од земјата и од странство. Што се однесува до епидемиолошката состојба, деновиве Грција имаше и над 10.000 заразени со коронавирусот за само 24 часа. 

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести