АКО ПЛАНИРАТЕ ДА ОДИТЕ НА ПЕЧАЛБА: Се зголемија платите во Хрватска
Просечната плата во Хрватска e над 1.400 евра.
Во јули просечната месечна нето плата исплатена по вработен кај правни лица во Хрватска изнесуваше 1.437 евра, што е номинално за 9,3 проценти повисока и реално за пет проценти повисока на годишна основа, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Медијалната нето плата за јули во Хрватска изнесуваше 1.249 евра, што значи дека половина од вработените имале помалку, а половина повеќе од тој износ. Во споредба со јуни оваа година, јулската медијална плата беше повисока за 1,3 проценти, а во споредба со јули минатата година, за 10,5 проценти, пренесува Индекс.хр.
Во споредба со платата за јуни оваа година, просечната нето плата за јули е номинално пониска за 0,5 проценти и реално пониска за 0,9 проценти.
Највисока просечна месечна исплатена нето плата е забележана во секторот за воздушен транспорт, во износ од 2.353 евра, а најниска во производството на облека е 937 евра.
