Aко патувате во Словенија, од полноќ има нови правила
Aко патувате во Словенија, од полноќ се на сила нови правила.
Со новата одлука на Владата на сите, без оглед од каде доаѓаат, ќе им треба негативен тест за коронавирус, потврда за вакцинација или прележан коронавирус во последните шест месеци. Поради бројните протести, словенечката влада донесе одлука за исклучоци – патници во транзит и возачи во меѓународен товарен транспорт. Сепак, предлогот овој исклучок да важи и за работни мигранти од Хрватска не беше усвоен, јави Хина. Во регионот се присутни повеќе соеви на коронавирусот.
Слично
