Ако патувате во Грција, од петок имаат нови мерки
Од петок ќе има нови мерки во Грција.
Доколку планирате одмор во Грција, покрај задолжителната вакцинација за персоналот во домовите за стари лица, војници и здравствени работници, новиот пакет мерки, кој ќе стапи на сила во петок, ќе влијае и на угостителските објекти и институциите.
„До крајот на август, сите затворени простории, ноќни клубови, барови, кина и театри ќе примаат само вакцинирани посетители. Тие исто така ќе бидат ограничени на тоа колку луѓе можат да примат истовремено. Сите вакцинирани граѓани треба да имаат дигитален вакцинален сертификат кој ќе мора да им го покажат на вработените во објектот “, рече премиерот Кирјакос Мицотакис.
Рекреацијата или на отворено или во затворен простор, ќе вклучува само седење, а не стоење. Грција имаше и над 2.000 заразени на дневно ниво. Монах од Света Гора беше првиот случај на хоспитализација на Интензивна нега на лице заразено со делта сојот.
