Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ако патувате во ЕУ, има нови правила за внесување и изнесување на готовина

Ако патувате во ЕУ, има нови правила за внесување и изнесување на готовина

Од утре ЕУ воведува нови правила за внесување и изнесување на готовина. Новото правило е во интерес на борбата против перењето пари и изворите за финансирање на тероризам.

Сите патници кои влегуваат или излегуваат од територијата на ЕУ ќе треба да пополнат декларација доколку носат 10.000 евра или повеќе во валути или еквивалент на таа сума во други валути, како и во други начини на плаќање како што се патнички чекови или меници. Дефиницијата за „готовина“ според новите правила ќе се прошири за да вклучува златници и одредени други златни предмети. Царинските власти ќе можат да постапуваат и по износи помали од 10.000 евра, кога има индиции дека готовината е поврзана со криминална активност. Властите ќе може да побараат изјава кога ќе забележат дека готовина од 10.000 евра или повеќе се испраќа без придружба од пошта или курир. Новите правила ќе обезбедат надлежните органи и националните единици за финансиско разузнавање во секоја земја-членка да имаат информации потребни за следење и решавање на движењето на готовина која може да се искористи за финансирање на нелегални активности. 

foto freepik

Слично

Поврзани вести