Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ако патувате во Бугарија, тие воведуваат нови рестрикции

Ако патувате во Бугарија, тие воведуваат нови рестрикции

Доколку патувате во Бугарија, тие воведуваат нови рестрикции со цел спречување на ширењето на коронавирусот. 

Од денеска сe во сила новите мерки.  Се ограничува капацитетот на ресторани, спортски сали, настани, лични прослави и детски центри на 50 отсто. Објектите ќе користат 100 отсто од нивниот капацитет доколку персоналот и клиентите се имунизирани, прележале коронавирус или достават негативен ПЦР тест не постар од 72 часа пред да влезат во објектот. Раководителите на сите администрации мора да организираат работа на далечина за најмалку половина од персоналот и да постават флексибилно работно време и почеток на работниот ден помеѓу 7.30 и 10.00 часот.  Во приватните компании, доколку е можно, тие исто така треба да обезбедат можност за работа од далечнина за 50 отсто од нивниот персонал.  Во земјата има 1.371 нови случаи на коронавирус. 

Во повеќето земји во Европа има враќање на дел од рестрикциите. Бројките на заболени растат. 

Во соседството, Грција е во црвена фаза. Ова беше објавено на новата ковид мапа на ЕК. 

Слично

Поврзани вести