Aко патувате во Албанија, ќе мора да одите во карантин
Доколку патувате во Албанија, ќе мора да одите во карантин.
Патниците од Грција и Македонија ќе мора да бидат во карантин во траење од две седмици по влез во Албанија. Мерката ќе стапи во сила од вторник, 20 април, објави денеска албанскиот Комитет на експерти за справување со пандемијата.
„Во Северна Македонија и Грција е зголемен бројот на случаи, но и бројот на изгубени животи, а тоа може да се види на презентираните графикони. Предизвик на нашиот комитет е да ги подобри индикаторите“, изјави Мира Ракацоли, претседателка на комитетот и заменик-министерка за здравство.
Aлбанците се пофалија дека кај нив имунизацијата тече во најдобар ред, а во Македонија близу 40.000 граѓани досега се вакцинирани против коронавирусот.
Во Албанија од коронавирусот починаа повеќе од 2.300 луѓе.
foto freepik
