АКО ПАТУВАТЕ: Проверете дали има гужва на границата!
Забележан е зголемен интензитет на патните правци надвор од градските средини а на граничните премини според информациите на АМСМ нема долги задржувања од македонска страна.
Возачите немаат потреба од загриженост и брзо возење и покрај сувите коловози .
Се препорачува да ги почитуваат правилата и да ја прилагодат брзината според дозволеното.
Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани - Делчево, Виница - Берово каде е можна почеста појава на одрони.
Слично
