AКО ПАТУВАТЕ КОН Попова Шапка,Маврво,Стража и Плетвар внимавајте има врнежи од снег
Официјално на планините ни пристигна и првиот снег.
Доколку патувате кон Попова Шапка,Маврво,Стража и Плетвар внимавајте како возите. Врнежи од слаб снег се регистрирани на овие места затоа надлежните предупредуваат на вниамателно возење.
На другите патишта ширум земјава на места има влажни коловози и врнежи од дожд, а во западниот дел од државата наместа со остатоци од кашест снег.
Поради магла намалена видливост до 100 метри има на планинскиот премин Пресека, на патниот правец крак Маврово – Маврови Анови со видливост од 30 до 40 метри и патниот правец Тетово – Попова Шапка со видливост од 50 до 60 метри.
Засега забрана за сообраќај за тешки товарни возила нема. Екипите на ЈП Македонија Пат веќе се на терен и работат на расчистување на снегот. Внимавајте и на намалената видливост.
Задолжително носете си во автомобилот зимска опрема бидејќи од 15 месецов стапи на сила законот за задолжителна зимска опрема.
