Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ако патувате денеска на граница може да чекате дваесетина минути

Ако патувате денеска на граница може да чекате дваесетина минути

На граничните премини за влез и за излез од земјата можни се задржувања по дваесетина минути. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани, по суви коловози, информираат од Авто мото сојузот на Македонија.

„Патниот правец Скопје - Македонски Брод преку Јасен е пуштен за сообраќај за лесни возила /автомобили/. ЈП Македонија пат на учесниците во сообраќајот им препорачува крајно внимателно управување со возилата на делот од патот кај с.Близанско 500метри после мостот на река Треска во должина од 50 метри. Екипите на ЈП Македонијапат продолжуваат да работат на оспособување на патниот правец за нормално одвивање на сообраќајот“ - стои во извештајот од АМСМ.

Деновиве на границите немаше подолги задржувања.

Слично

Поврзани вести