Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ако остане само еден спорен гласач, Чичаковски нема да го потпише избирачкиот список

Ако остане само еден спорен гласач, Чичаковски нема да го потпише избирачкиот список

Државната изборна комисија денеска го усвои извештајот за досегашните теренски проверки на избирачкиот список.

Над 70 % од гласачите не биле дома, 10.000 прашалници од теренските проверки не се обработени. Министерството за внатрешни работи  проверува како добиле лична карта 41.863 гласачи, а 68.695 гласачи патна исправа.

Претседателот на ДИК, Александар Чичаковски изјави дека нема да го потпише избирачкиот список ако остане макар и еден спорен гласач.

Членовите на комисијата имаат спротивставени ставови за тоа дали процесот ќе заврши навреме за да има избори на 5 јуни.

Оние кои се предложени од владејачките партии со став дека до 20 мај, кога би требало да биде заклучен избирачкиот список, тој ќе биде реален, додека за членовите од СДСМ прочистувањето е на почеток.

ДИК до 17 април треба да го стави избирачкиот список на јавен увид.

Слично

Поврзани вести