Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ако одите во Грција, маски во затворен простор не ви требаат

Ако одите во Грција, маски во затворен простор не ви требаат

Грција го укинува носењето маски во затворен простор. 

Земјата денеска oбјави дека од 1 јуни ќе го укине задолжителното носење маски во авиони и затворени јавни места, откако ги укина ограничувањата наметнати за да се спречи ширењето на коронавирусот пред летото.  Агенцијата за воздухопловна безбедност на Европската унија и Европскиот центар за превенција и контрола на болести соопштија овој месец дека маските за лице нема да мора да се носат на аеродромите и на летовите во Европа од 16 мај. Грција во март го укина условот за носење маски во ресторани, барови и клубови.

За 24 часа има 4.626 случаи на Ковид-19 и 19 починати, со што вкупниот број на инфекции во земјата е 3.406.553 милиони, а бројот на смртни случаи 29.619.

foto  freepik.com

Слично

Поврзани вести