Ако одите на одмор во Грција, летово тие ќе имаат колективен имунитет
Доколку одите на одмор во Грција, летово тие ќе имаат колективен имунитет.
Очекувањата се до крајот на јуни да бидат вакцинирани 50 отсто од граѓаните.
„До средината на летото ќе постигнеме колективен имунитет и со вакцинациите и со оние кои прележале, а до крајот на јуни ќе имаме вакцинирано голем дел од популацијата“, изјави генералниот секретар во Министерството за здравство на Грција, Мариос Темистоклеус, кој е надлежен за процесот на имунизација во земјата, говорејќи за грчката телевизија „Антена”.
До крајот на јуни ќе има можност да се вакцинира секое полнолетно лице. Од 5 мај, се очекува дневно да има и до 100.000 вакцинации.
„Грција останува на ставот дека од 14 мај ќе ги отвори границите за државјаните на Северна Македонија“, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче. За влез во Грција граѓаните ќе треба да приложат сертификат дека се вакцинирани или негативен ПЦР-тест, не постар од 72 часа.
