Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ако нема доволно директорки Шведска ќе казнува компании

Ако нема доволно директорки Шведска ќе казнува компании
Шведска е познато по законодавството кое овозможи вклученост на жените во сите општествени сфери и кога може половина пратенички да бидат жени, тогаш и компаниите се обврзани над 40% од директорите на бордови да бидат жени. Доколку една компанија нема доволно жени на раководни функции ќе се соочи со големи казни, најави Микаел Дамбер, министерот за индустрија. Предлог измените на законот треба да поминат во парламентот, а потоа ќе станат дел и од статутите на компаниите со поголем број на вработени. Шведска и без законски присилување веќе ја има најпрогресивната позиција кога се во прашање правата на жената и самите компании ги напредуваат квалитетните работнички на повисоки функции што воопшто не е табу, туку се смета и за покорисно и попродуктивно, отколку целиот сектор да биде затворен само за мажите.
Слично

Поврзани вести