Ако нема договор за зголемување на платите, ќе има генерален штрајк
Доколку нема договор за зголемување на платите, ќе има генерален штрајк.
Работниците ќе излезат на голем протест на 14 март, со барање за зголемување на минималната плата од 600 евра, како и зголемување на сите останати плати од 6.000 денари.
Протестот ќе почне во 12:05 часот, бидејќи, како што вели претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, одамна е поминато пет часот.
„14 март во 12.05 часот, бидејќи веќе помина пет до 12, помина 12 часот, од Работничката комора започнуваме нов протест до Собранието, Стопанската комора и Владата каде што конечно треба да се охрабрат работниците да излезат и да бараат зголемување на минималната плата како и зголемување на сите други плати. Се бориме за зголемување на платите на работниците за најмалку 6.000 денари, работниците, ако не излезат да се борат за зголемување на нивните плати, тогаш даваат одлични аргументи на Владата и на газдите дека платите во Македонија се добри“, рече Трендафилов.
фото ССМ
