Ако не се договори техничка влада до вечер договорот од Пржино пропаѓа!
Ќе се имплементира ли договорот од Пржино или сепак досегашниот напредок ќе пропадне во вода заедно со него, е прашање кое многумина си го поставија откако синоќешните 12 часовни преговори завршија безуспешно.
Разочарувачки став и кај меѓународните олеснувачи и кај опозицијата и кај граѓаните е она што следеше.
За во 17 часот е закажана средба на работните групи, а до вечер ако не се избере техничка влада и нови министри договорот пропаѓа на што не упатува и моменталната состојба кај политичките партии. Засега нема изгледи за договор.
Договорот ќе биде неактивен ако рокот се пробие, а најтешкото допрва ќе следи бидејќи Македонија ќе ја изгуби препораката за почеток на преговорите на што предупредуваа и Хан и од Брисел .
Хан предупреди дека и синоќешниот дебакл на преговорите може да се одрази на македонските евроинтеграции со оглед дека за околу две недели се очекува објавувањето на извештајот за напредокот на Македонија и прашање е дали ќе има препорака за пристапни преговори со ЕУ.
На кој му одговара одолговлекување на договорот?
