Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ако не може КФОР, косовската полиција ќе ги отстрани барикадите

Ако не може КФОР, косовската полиција ќе ги отстрани барикадите

Косовската полиција ќе ги острани српските барикади ако не може КФОР.

Mинистерот за внатрешни работи, Џељаљ Свечља изјави дека Владата во Приштина очекува од мисијата на НАТО во земјата, КФОР, да дејствува што поскоро за отстранување на барикадите на косовскиот север, а во спротивно да каже дека не може да го стори тоа, јави дописникот на МИА од Приштина.

„Поминаа 13 дена и ситуацијата останува иста, односно отежната. Очекуваме барикадите да се отсранат што поскоро. Ако тоа не се случи, како што реков, имаме капацитети да го направиме тоа самите. Значи: или да се отстранат барикадите што поскоро, или да не информираат (од КФОР) дека не можат да дејствуваат“, изјави Свечља.

Србите во Рударе денеска протестираа против изјавата на косовскиот премиер, Албин Курти, дадена во интервју за „Гардиан”, дека стравува оти при отстранувањето на барикадите може да има жртви. Ова го толкуваат како обид за протерување на Србите. 

Косовските Срби излегоа барикадите на 10 декември на патиштата кои водат кон границата со Србија, во знак на протест поради апсењето на поранешниот припадник на косовската полиција, Дејан Пантиќ, кој се сомничи дека организирал напади со експлозивни направи и огнено оружје врз општинските изборни комисии и врз полициски патроли во тој дел од Косово.

Србите денеска на Косово истакнаа знаме долго 250 метри. На регионална конференција во Нови Сад, српската премиерка Ана Брнабиќ , коментирајќи го денешниот протест на Србите во Рударе, на Косово , рече дека „Србите на Косово и Метохија се на работ на трпението, на работ на силата“.

Слично

Поврзани вести