Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ако можат Косово и Албанија, Србија и Република Српска исто ќе имаат заедничка надворешна политика?

Ако можат Косово и Албанија, Србија и Република Српска исто ќе имаат заедничка надворешна политика?

Српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ по најавата за заедничка надворешна политика на Албанија и Косово рече дека и Србија би можела да го направи истото со Република Српска.

Тој ова го кажа во Сараево, на самитот на Процесот на соработка на Југоисточна Европа, состојбата во регионот и односите на Белград и Приштина.

„Би можеле, зошто да не. За нив тоа е детска игра. Кога Тирана и Приштина нешто прават, моите пријатели и колеги велат – пуштете ги, тоа не е сериозно. Пацоли вели дека договорот за заедничка надворешна политика всушност ги претставува Албанија и Косово како една нација“, вели Дачиќ. 

Тој праша што уште треба да се нацрта за некој да види дека станува збор за содавање на голема Албанија.

Но, даде и одговор што би се случило кога Србија би потпишала таков договор со Република Српска.

„Дали тоа тогаш е нарушување на територијалниот интегритет и интересите на БиХ: Веројатно тоа би го осудиле, а за ова викаат – ма оставете ги“, кажа Дачиќ.

За недоаѓањето на делегацијата на Косово на СЕЕЦП во Сараево, Дачиќ одговори дека во 2014 е донесена одлука во согласност со договорот од Брисел да се овозможи учество на Косово во согласност со договорените услови.

Слично

Поврзани вести