Економија, финансии, бизнис

Контакт

АКО ЛАВРОВ СЛЕТА ВО БЕЛГРАД, ШОЛЦ НЕМА НИ ДА ПОЛЕТА: Германскиот канцелар најави посета на Западен Балкан, но дали ќе биде гостин и на Србија?

АКО ЛАВРОВ СЛЕТА ВО БЕЛГРАД, ШОЛЦ НЕМА НИ ДА ПОЛЕТА: Германскиот канцелар најави посета на Западен Балкан, но дали ќе биде гостин и на Србија?

Белград според актуелната агенда на 6 и 7 јуни треба да биде домаќин на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, а на 10 јуни и на германскиот канцелар Олаф Шолц. Сепак, се уште е неизвесно дали со дипломатијата „под маса“ ќе бидат загрозени протоколите на билатералните средби и срдечното гостопримство на Србија за сите гости. Коментираат денеска српските медиуми. Според неофицијални информации, наведуваат медиумите, високиот гостин од Берлин е подготвен да го откаже доаѓањето.

Од друга страна, се споменува дека некои од земјите би можеле да забранат прелет на авионот во кој би бил Лавров, но тоа не треба да биде непремостлива пречка за посетата, бидејќи има неколку линии меѓу Москва и Белград и „слободни небо“ може да се најде.

За „дипломатските проблеми“ потврди и изјавата на претседателот Александар Вучиќ, кој пред два дена рече дека работите се искомплицирале околу доаѓањето на Лавров, но не сакаше да открие детали.

На оваа тема тој зборуваше и во петокот, кој рече дека посетата на Лавров била планирана, но дека за два дена ќе даде попрецизни информации. Тој исто така додаде дека не ја исклучува можноста доаѓањето на рускиот дипломат да ја загрози посетата на Шолц.

Во Берлин беше потврдено и дека Шолц следната недела ќе престојува во дводневна посета на Западен Балкан, Грција и Бугарија.

Според соопштението од кабинетот на канцеларката, фокусот ќе биде ставен на перспективата на ЕУ, регионалната соработка, надминувањето на билатералните блокади и натамошната заедничка реакција на руската агресивна војна против Украина.


Слично

Поврзани вести