Ако Косово купи турски борбени дронови, Вучиќ ќе му се налути на Ердоган
Косово сака да купи турски борбени дронови.
Министерот за регионален развој на Косово Фикрим Дамка потврди дека Приштина планира да купи борбени беспилотни летала „барјактар“.
„Остварени се и посети, нашата претседателка и министерот за одбрана ги посетија производните погони. Секоја држава сака да има свои беспилотни летала, во својот воен арсенал“, вели косовскиот министер.
Косовската претседателка Вјоса Османи во февруари годинава ја посети турската фабрика за производство на дронови Бајрактар. Цената на турските дронови иако не е објавена, се проценува на околу 5 милиони евра.
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека е незадоволен од најавите кои доаѓаат од Приштина.
„Не само што не смеат според меѓународното право да вооружуваат некого кој не е држава, но гледате колку се загрижени за меѓународното право“, кажа Вучиќ.Инаку, додаде дека го почитуваат турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Но, ако Турција продаде дронови на Косово, тоа ќе влијае на српско - турските односи.
Претходно, кога Србија купуваше оружје, Косово се бунеше. Повеќе од 10 дена на Косово Србите се на барикадите, откако косовските власти го уапсија Дејан Пантиќ.
Односите меѓу двете земји се затегнати.
foto EPA
