Економија, финансии, бизнис

Контакт

АКО КАЖАТ ДА УЧИМЕ ОД НИВ, ЌЕ УЧИМЕ: Вучиќ ја искоментира германската дипломатија

АКО КАЖАТ ДА УЧИМЕ ОД НИВ, ЌЕ УЧИМЕ: Вучиќ ја искоментира германската дипломатија

Не можеме да бидеме брутални како нив, вели српскиот претседател Александар Вучиќ за германската дипломатија. 

Рече дека ќе ги прашаат нив како демократски да се решаваат проблемите кога некој окупира патишта, автопати, спречува работа на рудници и сите тие методи ќе ги применат. 

„Не можеме да ја стигнеме Германија во однос на демократијата, па ќе примениме само 70-80 отсто од нивните демократски методи. И тогаш ќе мора да не пофалат, да напишат во извештајот за напредокот дека примениле 70-80 отсто од нашите методи. Нема да користиме 100 отсто затоа што се грижиме за нашите граѓани, нема да ги тепаме, малтретираме, како што прават тие. Ако кажат дека треба да учиме од нив, ќе научиме“, рече Вучиќ.

За Божиќ, Албанци нападнаа српски деца на Косово, по што српските власти не беа задоволни од реакциите на западните земји. Кажаа дека реакцијата стигна после часови и часови по нападите. 

Слично

Поврзани вести