Економија, финансии, бизнис

Контакт

АКО ЈА ОСУДАТ: Колку години затвор и се закануваат на продавачката што удри полицајка

АКО ЈА ОСУДАТ: Колку години затвор и се закануваат на продавачката што удри полицајка

Поради нападот на службено лице во извршување на должноста, продавачката која пред неколку дена на пазар во соседна Србија удри комунална полицајка би можела да заврши зад решетки и таму да помине и до осум години.

Таа ја призна вината и е пуштена да се брани од слобода до крајот на постапката. 

Инцидентот кој ја подели јавноста се случи во неделата предпладне кога Садија Д. која продаваше стока надвор од тезга, нокаутираше полицајка. На немилиот настан му претходела караница, а потоа и негодување бидејќи полицајката се обидела да ја задржи нејзината торба со стока. Откако удри официјално лице, Садија избега а само неколку часа подоцна е уапсена и приведена.


Во изјавата пред надлежните Садија кажа дека со продажбата на пазар го издржува целото семејство и дека тезгите се многу скапи при што не е во можност да си дозволи.

Слично

Поврзани вести