Ако имате заостанат долг кон „Водовод“ ќе може да плаќате на рати
Заостанатиот долг ќе се плаќа на рати. Ваква одлука донесе ЈП „Водовод“ излегувајќи им во пресрет на граѓаните.
Ова значи дека се обновува одлуката за ослободување од камата за заостанат долг за вода а можноста да се плати долгот без камата е со определено времетраење до 1 ноември.
Ослободувањето од камата не важи за државните институции, локални самоуправи и слично, но важи за физичките лица.
Имено, доколку имате заостанат долг од 10 до 30 илјади денари ќе може да го отплатите на четири рати, долг од 30 до 50 илјади на шест рати, од 50 до 70 илјади на осум рати, од 70 до 90 илјади на 10 рати и над 90 илјади на 12 рати.
Што се однесува до компаниите тие заостанатиот долг за вода може да го исплатат на две рати.
Доколку вашата фирма има долг од 10 до 50 илјади кон водовод ќе може да го платите на две рати .
Ако должите од 50 до 100 илјади имате можност да платите на три рати, а ако сумата надолгот пак е од 100 до 150 илјади ќе плаќате на четири рати.
На пет рати компаниите ќе може да плаќаат ако должат од 150 до 200 илјади и на шест рати над 200 илјади денари.
Социјалните категории на граѓани пак кои имаат заостанат долг може да го отплатат на двојно повеќе рати од предвиденото.
