Економија, финансии, бизнис

Контакт

АКО ИМАТЕ ЦРНИ, СИВИ ИЛИ ТЕГЕТ КУФЕРИ, ОВА ВАЖИ ЗА ВАС: Издадено предупредување, еве што треба да промените

АКО ИМАТЕ ЦРНИ, СИВИ ИЛИ ТЕГЕТ КУФЕРИ, ОВА ВАЖИ ЗА ВАС: Издадено предупредување, еве што треба да промените

Додека го чекаме багажот на аеродром, често се фаќаме за туѓ куфер, бидејќи сите се многу слични, но постои еден трик кој ни овозможува да ја избегнеме оваа непријатна ситуација.

Чекањето багаж на аеродромите е најздодевниот дел од патувањето, а понекогаш не прави нервозни затоа што се плашиме дека куферот никогаш нема да се појави или дека ќе биде оштетен.

Ако вашиот куфер е црн, темносин или сив, веројатно е дека треба да бидете особено внимателни.

Една од најголемите европски авиокомпании, Рејнар, ги предупреди патниците да не носат багаж во тие бои за да се избегне забуна за време на патувањето.

Само во јуни со оваа авиокомпанија летале 19,3 милиони луѓе на 106.000 летови.

„Погрижете се вашиот багаж лесно да се препознае, особено ако е црн, тегет или сив (што е во 99,9 проценти од случаите). Додајте светла лента или налепница за да не доживеете дополнителни непријатности при слетувањето“, соопшти Ryanair.

Секако, ако го означиме куферот со некој шарен детал, полесно ќе се забележи.

Од друга страна, вработен на аеродромот во Даблин истакна дека постарите налепници треба да се отстранат од торбите за да се избегне „создавање забуна при скенирањето“ и дека треба да се внимава кога се прикачуваат шарени ленти.

Ова се донекаде контрадикторни инструкции, но едно е јасно - ако сакате да се издвоите од толпата и без грижа да го чекате багажот по слетувањето на авионот, можеби е најдобро да изберете друга боја освен црна или темносина.

Еуправозато.рс

Слично

Поврзани вести