Ако имате 1.000 фунти в џеб, во која земја колку време ќе издржите со нив?
Aко со 1.000 фунти в џеб заминете во различни земји, со овие пари најдолго можете да престојувате во Колумбија. Истражување покажа дека тоа е така.
Колумбија е на првото место меѓу земјите во кои 1.000 фунти би издржале најдолго, односно 109 дена, потоа следат Турција (103 дена), Казахстан е трет (100 дена). На листата Србија е деветта, и таа сума покрива 84 дена дневни трошоци за живот.
Британскиот портал money.co.uk ги истражувал дневните трошоци за живот и просечните плати во земјите низ светот, за да утврди каде 1.000 фунти траеле најдолго, а каде најкратко, користејќи индекс на трошоците за живот кој вклучува бројни фактори, како што се храна, комунални услуги и превоз. Со 1.000 фунти може да се поминат 80 дена во Црна Гора, 86 дена во Романија, 82 дена во Бугарија и 74 дена во Унгарија. Во Швајцарија, со 1.000 фунти не може да се помине цел месец. Овие пари ќе траат само 27 дена. Граѓаните на Лихтенштајн и Норвешка би поминале малку подобро, затоа што со 1.000 фунти би покривале трошоци 33 дена.
