Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ако имаш навредлив транспарент против власта ќе добиеш прекршочна пријава

Ако имаш навредлив транспарент против власта ќе добиеш прекршочна пријава

Вечерта на 19 јуни беа приведени двајца демонстранти на шарената револуција при обид со герила акција да спуштат платно наспроти местото каде лидерот на владеачката партија држеше говор по повод роденденот на ВМРО-ДПМНЕ.

После девет дена од МВР се изјасниле на прашањата од Нова Тв дека активистот Павле Богоевски  бил уапсен бидејќи со обидот да се постави платно со, како што тврдат од МВР,  испишана навредлива содржина се нарушил јавниот ред и мир.

„СВР Скопје на ден 19.06.2016 година постапи согласно претходно изготвен план за физичко обезбедување на прослава по повод 26. роденден на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ која се одржа во Музеј на Македонската борба. За време на обезбедувањето нарушен е јавниот ред и мир со обид за поставување платно со испишана навредлива содржина на кејот од десната страна на Вардар. Притоа, од страна на СВР Скопје е интервенирано и приведено е лицето Павле Богоевски, осомничен за сторен прекршок од ЗППЈРМ, при што е воспоставен нарушениот Јавен ред и мир“, велат од МВР во одговорот за Нова Тв.

Симона Спировска и Павле Богоевски вечерта на 19 јуни беа однесени во полициската станица Беко, по што беа ослободени по краток информативен разговор.

Спировска добила пријава, затоа што не носела лична карта, а Богоевски добил пријава за прекршување на Законот за јавна чистота, најверојатно поради боење на фасадата на Министерството за правда.

Слично

Поврзани вести