Ако Германците најмногу произведуваат, кој најмногу извезува пиво?
Германија е на прво место во Европа по производство на пиво.
Зад неа се најде Полска, која годинава ја поттисна Велика Британија на третата позиција.
Производството на пиво во ЕУ е над 400 милиони хектолитри, а истото се произведува во повеќе од 10.000 пиварници. Ова стои во годишниот статистички извештај на Пиварите во Европа (Brewers of Europe).
Соседна Бугарија е на 16-то место, пред Хрватска и Словачка.
Само Франција го зголеми бројот на пиварници во земјата за 45 oтсто за една година, од 1.100 на 1.600. Во Словенија и Ирска бројот на пиварницата се зголеми за 50 отсто, односно 25 отсто.Холандија продолжува да извезува околу 40 отсто од производството на пиво во други делови на светот.
И во 2016 година Германија беше најголем производител на пиво во Европа. Во тој период таа произвела 8,3 милијарди литри пиво или 21 отсто од вкупното производство во ЕУ.
Слично
