Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ако едно нешто не се испочитува, војната на Косово е неизбежна

Ако едно нешто не се испочитува, војната на Косово е неизбежна

Британски Гардијан анализира дека војната на Косово може да биде реалност ако не се испочитува Бриселскиот договор и ако Србите не добијат политичка автономија, односно ако не се нормализираат односите меѓу Србија и Косово. 

Во текстот со наслов „Европа треба да направи повеќе“, медиумот анализира дека лани во декември имаше барикади на Косово поради „локални спорови“. 

Односите меѓу Приштина и Белград, кој има добри односи со Русија и одбива да го признае независно Косово, велат се најлоши за период од 20 години. 

Се наведува дека е комплицирано ЕУ да посредува, затоа што Србија е зависна од руски гас, а и не воведе санкции за Москва. 

Но, ако Бриселскиот договор од 2013 година не се испочитува, судирите се можни. Не само што ќе има бегалска криза, туку ќе има и пошироки последици. 

Се додава дека Самитот на ЕУ одржан во декември во Тирана беше со цел да испратат порака.  Пишува дека тоа е Самит одржан во регион каде населението сака да биде дел од „бриселскиот клуб“, но се сомнева дека тоа во иднина ќе се случи. Албанскиот премиер Еди Рама констатирал дека работите се менуваат, а други лидери рекле дека е потребен нов начин на размислување. Гардијан пишува дека Кремљ му дава поддршка на сецесионистичкиот лидер на босанските Срби Милорад Додик, но и на босанските Хрвати националисти. 

Регионот не смее да гледа на Исток. Во Србија поддршката за влез во ЕУ падна под 50 отсто, поради притисокот на Белград да воведе санкции на Русија. 

foto MITAR MITROVIĆ / RINGIER

Слично

Поврзани вести