Ако две земји се договорат, цените на нафтата ќе престанат да растат
Преговорите на САД со Иран можат да го запрат растот на цената на нафтата.
Доколку САД ги укинат санкциите кон Иран, тоа би довело до зголемена испорака и поголема понуда на нафтата на глобалниот пазар. САД на 4 месецот најавија укинување на дел од санкциите кон Иран. Претходно, министерот за надворешни работи на Иран, Хусеин Емир Абдулахијан изјави дека ублажувањето на санкциите кон Техеран не се доволни и дека Вашингтон треба да пружи гаранции за заживување на договорот од 2015 година, склучен со западните сили.
На азиската берза утрово цената на европската нафта Брент падна за пет центи или за 0,1 отсто и барел се тргуваше за 93,22 долари. Цената на американската нафта денеска се продаваше за 63 центи помалку од петокот односно барел нафта се тргуваше за 91,68 долари.
И тензиите во Украина доведоа до зголемување на цените на нафтата.
