Економија, финансии, бизнис

Контакт

„АКО ДРЖАВАТА НЕ СЕДНЕ НА ПРЕГОВАРАЧКА МАСА СО ЕУ, ОНИ НЕМА ДА НАПРАВАТ ПАРЦИЈАЛНИ РЕШЕНИЈА„: Битиќи со коментар за протестите на транспортерите

„АКО ДРЖАВАТА НЕ СЕДНЕ НА ПРЕГОВАРАЧКА МАСА СО ЕУ, ОНИ НЕМА ДА НАПРАВАТ ПАРЦИЈАЛНИ РЕШЕНИЈА„: Битиќи со коментар за протестите на транспортерите

Во гостување на Инфомакс, Фатмир Битиќи ја коментира актуелната состојба со протестите на камионџиите.
Според него, Македонија е таа која мора да седне на преговарачка маса со ЕУ, за да се изнајде решение на проблемот.
„Изјавата дека економијата е пред колапс е слика на тоа каде ја доведоа економијата за неполни две години.

Мораме да ги земеме предвид сите фактори кои довеле до оваа состојба, ние сакале, или не, однесувањето на САД и ЕУ имаат големо влијание врз нашата економија. Првиот удар, којшто сметам дека е со среден до висок ризик е индустријата и извозот затоа што нашиот извоз е 70% во ЕУ. Не секогаш извозот го прават нашите транспортери, но 90% е со наши компании, тоа значи дека и транспортот и логистиката се со висок системски ризик. Што значи тоа? Ако државата не направи механизам, да седне на преговарачка маса со ЕУ, за да го реши системски овој проблем, они нема да направат парцијални решенија. Тоа што нас сега ни изгледа, ќе им ставиме ултиматум, они не знам што ќе кажат… Не! Ако нас ни падне извозот, нас ни паѓа економскиот раст“, напиша Битиќи на социјалните мрежи.



Слично

Поврзани вести