Ако до ноември не добие помош, Грција излегува од еврозоната
Грчкиот премиер Андонис Самарас соопшти дека државата може да преживее само до крајот на ноември без следната транша од меѓународната финансиска помош.
Во интервју за германскиот весник Ханделсблат, Самарас вели дека клучот е во ликвидноста, па затоа токму затоа следната транша на кредитот е суштински важна за Грција.
Ако извештајот не даде зелено светло за помошта од 31 милијарда евра, тоа за Грција може да значи неможност за сервисирање на долговите и веројатно да ја напушти еврозоната.
Претставници на ЕК, ММФ и ЕЦБ деновиве ја оценуваат Грција за да видат дали ги исполнила условите за добивање на помошта.
„Грчката демократија стои пред својот веројатно најголем предизвик досега“, изјави Самарас и порача дека грците поради катастрофалната економска состојба и мерките за штедење во рок од пет години загубиле една третина од нивниот животен стандард.
Слично
