Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ако до 15 септември не се избере специјалниот обвинител, договорот од Пржино е мртов

Ако до 15 септември не се избере специјалниот обвинител, договорот од Пржино е мртов
Лидерот на опозицијата Зоран Заев по враќањето на пратениците во парламентот, вели дека најважниот дел е изборот на специјален обвинител. Тој рече дека ако до договорениот датум не се избере специјален јавен обвинител, тогаш договорот пропаѓа и опозицијата ќе продолжи да ги објавува снимените разговори. ,,Доколку не биде спроведен овој договор до крај и во целост тој ќе биде невалиден. Доколку не се избере специјален јавен обвинител, кому треба да му ги предадеме материјалите од прислушуваните телефонски разговори, сепак тие ќе бидат споделени со јавноста"- рече Заев. Тој рече дека опозицијата се враќа во парламентот за да се обезбеди спроведување на договорот од Пржино и да се надмине политичката криза. Заев вели дека основни реформи кои треба да се направат е да се донесе ново изборно законодавство, нов избирачки список и реформи во медиумската сфера.
Слично

Поврзани вести