Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ако Чавков биде изберен за нов министер ќе се прекрши Уставот на РМ!

Ако Чавков биде изберен за нов министер ќе се прекрши Уставот на РМ!

Ако после оставките кои беа соопштени од министрите, новите предлози на премиерот Груевски, наследник на Јанкулоска да биде  Митко Чавков, актуелниот директор на Бирото за јавна безбедност, а на местото на Јанакиески, да застане Владо Мисајловски, бидат изгласани ваквата одлука би била против Уставна.

Имено, Чл.97 од Уставот на РМ вели дека: „Со органите на државната управа во областа на одбраната и полицијата раководат цивилни лица кои непосредно пред изборот на тие функции биле цивили најмалку три години“, а Согласно чл.15 од Законот за полиција, полициските работи во МВР ги врши Бирото за јавна безбедност како орган во состав на Министерството, што значи дека Чавков не може да биде избран за нов министер за внатрешни работи!

Според Кире Миловски кој се огласи на социјалната мрежа Фејсбук: „Повеќе од очигледно е дека Чавков не може да биде избран за нов министер за внатрешни работи, вакви преседани не смеат повеќе да се прават, иако и во минатото имавме таков пример, па мораше Уставниот суд да донесе одлука!“

Според универзитетската професорка Мирјана Најческа, пак Чавков во никој случај не смее да биде избран за министер, бидејќи тој бил службено лице, со оружје и со командна одговорност, што значи дека не бил цивил.

Митко Чавков е овластено службено лице, а за да биде избран за министер, морал да биде надвор од службата во изминатите три години.

(Oвде може да го погледнете сами Уставот и членот 97 како гласи)

Слично

Поврзани вести