Ако биде прогласен за виновен Урко може да се соочи со затворска казна до 10 години
За сообраќајката во која мотоциклистот беше прегазен пред неколку дена а почина на 1 август по пет дена во кома, екс телохранителот на Никола Груевски, може да се соочи со казна затвор од една до десет години.
Против лицето Дејан Митровски Урко од МВР поднесоа кривична пријава против безбедноста на луѓето и имотот.
Пријавата во моментов се разгледува од страна на јавен обвинител, а анализата и истрагат ќе покажат дали Урко бил ќе биде осомничен .
Анализите од алкотестот покажале дека нема алкохол во крвта ниту на Митровски, ниту пак во крвта на прегазеното 22 годишно момче.
Мотоциклистот пет дена беше во кома и лекарите го одржуваа во живот на апарати.
Имено на 26 јули, 30 минути по полноќ се случи сообраќајна незгода помеѓу ПМВ „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Д.(43) од Скопје и моторцикл Хонда ЦБР без регистарски ознаки, управуван од С.А. (22) од Скопје.
Возачот на автомобилот се востанови дека е поранешниот телохранител на екс премиерот Дејан Митревски Урко.
„На 27 јули 2016 година, во 00.40 часот во Скопје, на булевар Борис Трајковски, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Д. (43) од Скопје и мотоцикл „хонда цбр“ без регистарски ознаки, управуван од С.А. (22) од Скопје. Во незгодата, тешки телесни повреди добил возачот на мотоциклот, кој со возило на итна медицинска помош бил префрлен во Градска општа болница „Наум Охридски“. Истиот е неконтактибилен и се наоѓа во животна опасност. Увид извршила екипа на СВР Скопје“, стоеше во првичната белешка на МВР.
Обвинителството ја очекува комплетната документација за сообраќајната несреќа од Министерството за внатрешни работи – записниците од извршениот увид, скиците, резултатите од извршените анализи и изводите од техничкиот преглед на возилата.
