АКО БАРЕЛ НАФТА СКОКНЕ НА 100 ДОЛАРИ, ЕВЕ КОЈ ЌЕ СТРАДА НАЈМНОГУ - тоа никој не го очекуваше!
Најавата на ОПЕК дека го намалува производството на нафта за 1,16 милиони барели дневно доведе до драстичен скок на цените, а доколку цената на барелот скокне на 100 долари, тоа најмногу ќе ги погоди земјите како Индија, Јапонија и Јужна Кореја.
Овој неочекуван потег на ОПЕК изненади многумина.
- Ова е проблем за секоја земја што увезува нафта - сметаат експертите и наведуваат дека од овој потег најмногу нема да настрадаат САД, туку земјите кои немаат домашни извори на нафта, како што се Јапонија, Индија, Германија, Франција...
Ова намалување на производството треба да започне во мај и да трае до крајот на 2023 година. И Саудиска Арабија и Русија ќе го намалат производството за 500.000 барели дневно на крајот на годината, додека другите членки на оваа алијанса како Кувајт, Оман, Ирак, Алжир и Казахстан исто така ќе го намалат производството.
Фјучерсите на суровата нафта „брент“ последен пат скокнаа за 5,57% на 85,41 долари за барел, а фјучерсите на американската „Вест Тексас интермедит“ се зголемија на 81,11 долари за барел.
Земјите кои најмногу ќе бидат погодени од овие одлуки се оние со најголем степен на зависност од увоз, како и оние кои користат многу фосилни горива во својот енергетски систем. Тоа се земјите од Јужна и Југоисточна Азија, како и земји како Јужна Кореја и Јапонија.
Најголем потрошувач на нафта во светот е Индија, земја која купува нафта по пониска цена од воведувањето на европските санкции против Русија. Друга сериозно погодена земја ќе биде Јапонија, која е речиси 90 отсто зависна од увоз, бидејќи нема сопствено производство.
Иако и Кина зависи многу од купената нафта, тие сепак имаат дел од своето производство, додека Европа се потпира на нуклеарна енергија, јаглен и гас, а помалку на нафта.
Аргентина, Турција, Јужна Африка и Пакистан, како и Шри Ланка, исто така, ќе бидат на листата на засегнати.
