Економија, финансии, бизнис

Контакт

АКО БАРАТЕ РАБОТА: Во оваа држава угостителите имаат потреба од сезонци

АКО БАРАТЕ РАБОТА: Во оваа држава угостителите имаат потреба од сезонци

Угостителите на Кварнер мака мачат да најдат работна сила. 

На пазарот на труд моментално има над 2.100 работници за во угостителство и услужните дејности. 

Празни се 253 работни места. Секој кој сака да работи е добредојден, велат газдите кои со месеци бараат готвачи, келнери, продавачи. 

Иако туристи има на плажите, дел од објектите уште не работат затоа што немаат работници. 

Газдите признаваат дека на работниците не можат да им ги понудат платите кои тие би ги заработувале во странство. 

„До квалитетен и образован работник е многу тешко да се дојде. Сите заминаа надвор. Во угостителската бранша денес нема стручни луѓе. Така и е и кај нас. Нашите главни сезонци се студенти“ - вели Хенц Павинчиќ. 

Другите колеги на Павинчиќ ја обвинуваат државата дека наметнува големи давачки. 

Слично

Поврзани вести