Економија, финансии, бизнис

Контакт

Акцизите ја расипаа потрошувачката на пиво во Македонија

Акцизите ја расипаа потрошувачката на пиво во Македонија
Секој Македонец годишно пие по 27 литри пиво. Но, потрошувачката на овој пијалок во земјава опаѓа - во 2012 година секој македонски граѓанин пиел по 32 литри пиво, а денес и до пет литри помалку. Според генералниот директор на Прилепска Пиварница Сашо Самарџиоски, ваквиот тренд се должи на зголемените акцизни давачки, кои постојат за пивото, а не за виното. Повеќе од една третина или 38 проценти од продажбата на пиво во земјата отпаѓа на производите на Прилепска пиварница која годинава одбележува 90 години постоење. „Во 1924 година Пиварницата почна со 8.000 хектолитри, а сега произведуваме 200.000 хектолитри. Постојано инвестираме во осовременување на производствениот процес, а планираме и да отвориме академија за пиво“, најави Самарџиоски. Според податоците на компанијата, во Прилеп традиционално се пијат повеќе пивата на Прилепската пиварница, додека во Скопје и покрај порастот, доминираат нивните конкуренти од Скопската пивара. „Битолчани, пак, дома повеќе пијат прилепско пиво, но на Широк сокак - повеќе нарачуваат скопско“, открива директорот на Прилепската Пиварница.
Слично

Поврзани вести