Економија, финансии, бизнис

Контакт

Акцијата на Охридска банка со најголем промет на берза

Акцијата на Охридска банка со најголем промет на берза

Со акцијата на Охридска банка вчера беше остварен промет од 9,2 милиони денари со истргувани 2 683 лотови по просечна цена од 3.463,44 денари.

Семицата која е зад нас на берзата ја обележа падот на индексот МБИ-10 од 1,34 отсто, кој заврши на 2129,48 индексни поени, а вчера беше соопштено за  редовна ревизија на индексите МБИ10 и ОМБ од страна на Комисијата за берзански индекс.

Вчерашниот ден пак беше отворен со блок трансакција со акциите на Скопски Пазар Скопје.

Вкупниот остварен промет изнесуваше 1.256 милиони денари со количество од 100 акции, по просечна цена од 12.564 денари. 

Слично

Поврзани вести