Економија, финансии, бизнис

Контакт

АКЦИЈА: Вечерва е „Часот на планетата Земја“ – исклучете ги светилките!

АКЦИЈА: Вечерва е „Часот на планетата Земја“ – исклучете ги светилките!
Од 20:30 до 21:30 часот вечерва по македонско време по осми пат се одржува глобалната еколошка акција „Час на планетата Земја“. Милиони луѓе од целиот свет ќе ги изгаснат светлата во текот на еден час, како симболичен гест за подигнување на свеста за климатските промени. Иницијативата има за цел да ја изрази загриженоста за иднината на Земјата и за ефектите на глобалното затоплување, организирана е од „World Wide Fund for Nature“, организација чија мисија е да го сопре уништувањето на природната средина и да изгради иднина во која луѓето ќе живеат во хармонија со природата. Годинава се очекува рекорден број луѓе да поминат еден час во темница. Кон глобалната акција се приклучува и Македонија. Според претставниците на „Earth Hour Macedonia“, во нашата држава ќе биде исклучено осветлувањето на повеќе локации во Скопје, меѓу кои плоштад Македонија, Кале, Камен мост и Скопје Сити Мол, како и Канео и Самуиловата тврдина во Охрид. Иницијативата ја поддржаа и повеќе компании кои исто така во текот на еден час ќе штедат енергија. http://www.youtube.com/watch?v=5VG8e31WwsU#t=61  
Слично

Поврзани вести