Економија, финансии, бизнис

Контакт

АКЦИЈА: Се отстрануваат „дивите“ продавачи кај Бит-пазар

АКЦИЈА: Се отстрануваат „дивите“ продавачи кај Бит-пазар
Пазарната и комуналната инспекција, со асистенција на МВР, од утрово ги расчистуваат тезгите на дивите продавачи кај Бит-пазар. Належните служби ги отстранија импровизираните тезги кои беа поставени на тротоарите на булеварот „Крсте Петков Мисирков“. Се работи на отстранвање на сите тезги кои се наоѓаат надвор од оградениот простор на Бит-пазар. Полицијата била повикана да асистира за да не дојде до евентуални проблеми и нарушувања на јавниот ред и мир, какви што имаше при претходните слични акции на оваа локација. На овие тезги се продава облека и други предмети.
Слично

Поврзани вести