АКЦИЈА: Се апсат судии од Судот за прекршоци
Десеттина судии од Судот за прекршоци, како и повеќемина стручни соработници се уапсени утровово полициска акција под сомнение за злоупотреба на службената положба.
Како што информираат од МВР, приведените се сомничат дека несовесно постапувале во предметите кои им биле доверени, дел од предметите останувале нерешени и по 2-3 години, со што Буџетот на државата го штетиле за околу 68 милиони денари.
Повеќе детали за акцијата полицијата најави во текот на денешниот ден, а дополнителни информации се очекуваат и од Основниот суд - Скопје 1, во чиј состав работи прекршочниот суд.
Слично
