АКЦИЈА: Поранешни функционери во одбраната и бизнисмени уапсени за криминал тежок милиони евра
Најмалку девет лица се уапсени утрово во голема акција на МВР за расветлување на криминал со сервисирањето на хеликоптери. Според првичните информации, станува збор за поранешни функционери во одбраната, но и за неколкумина бизнисмени.
Како што објави Алфа, кривичното дело за кое се товарат е перење на пари - преку оф-шор компании си префрлале пари наменети за сервисирање на хеликоптерите.
Повеќе детали за операцијата, која се уште е во тек, од МВР најавуваат за во текот на денешниот ден.
Слично
