Економија, финансии, бизнис

Контакт

АКЦИЈА НА ЕВРОПОЛ И ИНТЕРПОЛ: Македонско вино се продавало во шишиња со хрватски етикети

АКЦИЈА НА ЕВРОПОЛ И ИНТЕРПОЛ: Македонско вино се продавало во шишиња со хрватски етикети

Вино од Македонија, Италија и Чиле се продавало во шишиња со хрватски етикети. 

Земјоделската инспекција на Државниот инспекторат на Р.Хрватска, во голема акција за сузбивање на трговијата со фалсификувана и недоволно квалитетна храна и пијалоци, откри вино од Северна Македонија, Италија и Чиле.

„Во голема акција на Европол и Интерпол под кодно име „ОПСОН 2020“ поддржана од 83 земји, хрватската инспекција изврши контрола на вкупно 275 субјекти на етикетирање на вино и силни алкохолни пијалоци, пласирани на пазарот“, објави хрватскиот Државен инспекторат.

Пет контролирани субјекти ја злоупотребиле употребата на хрватските традиционални термини – квалитетно вино со контролирано географско потекло и врвно вино со контролирано географско потекло, на вина кои не се од хрватско потекло, но потекнуваат од Северна Македонија (едно вино), Италија (два вина) и Чиле (два вина).

Слично

Поврзани вести