Акциите од Македонска берза на Загребската ги продал еден од топ 10 акционери
Акциите кои во Македонска берза од вчера ги поседува Загребската берза ги продал еден од топ десетте акционери во друштвото, потврдуваат оттаму за Фактор. Не откриваат сепак кој е точно продавачот кој на Загребската берза и продаде за 148.000 евра точно 148 акции во Македoнска берза. Со оваа трансакција странскиот акционер стекна 5,3 отсто од Македонска берза и практично сега е единственото странско правно лице кое поседува акции во Македонската берза.
„Веруваме дека Македонска берза има потенцијал за раст и за ширење на палетата на производи и услуги, но секако сакаме да бидеме и активен учесник на регионалните пазари. Ни се укажа можност која сакавме да ја искористиме затоа што Македонска берза многу успешно соработуваме веќе долги години на база на размена на знаење и искуство, а имаме и заедничка компанија СЕЕ линк. Сигурни сме дека со оваа аквизиција дополнително ќе ј аинтензивираме наѓшата соработка и е оствариме синергиски ефекти. Инаку продаваќ е еден акционер од првите 10, вели за Фактор, Санда Налис, директорка на секторот за бизнис поддршка во Загребската банка.
Инаку Фактор се обиде да ги извади податоците за сите акционери над 5 отсто во Македонска берза од Централниот депозитар за хартии од вредност. Друштвото не е котирана компанија и нема посебни обврски за известување, па затоа депозитарот не ги објавува тие податоци и за берзата. Сепак се поставува прашањато, дали Македонска берза како друштво кое го организира пазарот и се залага за транспарентност и за корпоративна култура на компаниите не треба барем на својата интернет страница да ги објави овие податоци.
Според претходни сознанија, најголеми акционери сепак се неколку домашни банки. Според структурата домашни правни лица поседуваат 90,5 проценти од капиталот на берза. Всушност тоа се 17 компании кои имаат 2.529 акции во друштвото. Други 17 физички лица пак имаат 115 акции или 4,12 отсто од капиталот. Единствен странски акционер е Загребската берза која поседува 148 акции или 5,3 отсто од вкупниот капитал на друштвото.
А.Т,